Категорија: Планинарски патеки

патека Абланица – Равна река

Патеката е 8 км. долга и започнува од Берово, минува низ населбата Абланица на 910 метри надморска височина. Се оди по местото Кутунец 1004 м.н.в. и патеката завршува на местото Конар на 1098 м.н.в. на 2,5 км од првите водопади на Равна река. Патеката ги спојува Беровскиот со Пехчевскиот регион поточно со местото Равна река […]

патека Берово – Абланица – Берово

Патеката е 7 км. долга и започнува од Берово на 850 метри од црквата Св. Богородица, значајна за беровчани, со традиција на организирање на црковен оброк на празникот Успение на пресвета Богородица на 28 Август. Патеката во првата половина се движи покрај реката Брегалница и води до населбата Абланица. Висинската разлика во пешачењето е 120 […]

патека Берово – Беровско езеро

Патеката е 6,5 км. долга и започнува од Берово на 850 метри надморска височина. После 3 км пешачење се минува низ викенд населбата Абланица и реката Брегалница. Највисоката точка на патеката е 1050 м.н.в. Патеката минува низ борова и букова шума и завршува на Беровско езеро на 1000 м.н.в. со висинска разлика од 200 метри.

патека Берово – Ратево

Патеката е 5,5 км. долга и започнува од Берово на 850 метри надморска височина. Во почетниот дел од пешачењето се минува покрај црквата Св. Илија, значајна црква за Беровчани со традиција на организирање на црковен оброк на празникот Илинден на 02 Август. Највисоката точка на патеката е на местото Рачица на 1080 м.н.в. и од […]

патека Беровско Езеро – Двориште – Бела вода

Патеката е 20 км. долга и започнува од вливот на Клепалска Река во Беровското езеро на 950 метри надморска височина. Почетниот дел од 7 км. е искачување, а после првиот час пешачење се стига на Бачило Каламадевски. Највисоката точка на патеката е на местото Бабин Чукар на 1403 м.н.в. од каде се гледа врвот на […]

патека Граничен премин Клепало – Бачило

Патеката е долга 4,5 км. и започнува од граничниот премин Клепало на 1300 м.н.в. Се пешачи покрај самата граница со Бугарија и од највисоката точка на 1400 м.н.в. се гледа Пирин Планина во Бугарија како и прекрасен пејзаж во Македонија од борова, букова шума и бројни ливади. Висинската разлика во пешачењето е 250 м. Патеката […]