Категорија: Туристичко угостителска понуда

Хотел манастир

Сместен на излезот од градот Берово (на патот кој води кон езерото), хотелскиот комплекс “Манастир” се одликува со традиционална манастирска архитектура, налик на манастирот Св. Архангел Михаил, до кој и се наоѓа. Располага со сместувачки капацитет од 60 легла распоредени во две крила, од кои и 2 delux апартмани. За туристите има обезбедено бесплатна безжична […]

Гостилница МРС

Во центарот на Берово се наоѓа ресторанот Мрс, познат по највкусната храна во градот. Ведрите лица на домаќините се секогаш расположени да Ве пречекаат за да ги пробате нивните домашни специјалитети. Ресторан Мрс со децении ја одржува традицијата на модерна кујна со традиционални домашни рецепти. Во совршено смирено опкужување за собир со пријателите или фамилијата, […]

Туристичка населба Езеро

На само шест километри југоисточно од Берово покрај брегот на Беровско езеро се наоѓа туристичката населба Беровско Езеро. Карактеристичната местоположба на оваа населба во подножјето на Малешевските планини ви овозможува да го вдишите планинскиот чист воздух и исто така да уживате во прекрасната панорамска глетка кон Беровското Езеро, глетка која ќе ве остави без здив.

Туристичка населба Абланица

Абланица е туристичка населба распространета на двете страни на р. Брегалница. Се наоѓа на 2 км од Берово и е местото со најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во општината. Може да ја посетите новоизградената црква “Св. Петка“ со фрескопис и иконостас изработен од локални уметници. Во моментот таму се наоѓаат околу 130 викенд куќи, а […]